Претседателот Иванов награден на форумот „Кран Монтана“

18.10.2014 10:51

Наградата му се доделува како личен придонес за активности и достигнувања во сите општествени области, како и за неговата посветеност во одбрана на фундаменталните слободи...

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов е добитник на наградата на Фондацијата за 2014 година, што се доделува во рамки на Форумот Кран Монтана.
 
Наградата на Фондацијата на претседателот Иванов му се доделува како личен придонес за активности и достигнувања во сите општествени области, како и за неговата посветеност во одбрана на фундаменталните слободи.
 
„Јас сум горд што тоа што го прави Македонија е се повеќе она со кое ќе се соочува светот во иднина, оти сите општества во иднина ќе бидат мултиетнички, мултирелигиозни и мултијазични. Нас ни требаат лидери кои ќе знаат да се справуваат со различноста, не да ја уништуваат различноста“, изјави претседателот Иванов.
 
Годинава, покрај претседателот Иванов, добитници на наградата на Фондацијата се Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-мун, претседавачот со Претседателството на БиХ,  Бакир Изетбеговиќ, поранешниот премиер на Сенегал Амината Туре, а постухмно Ерве Хурдел.