Сезонско деби за Работнички
На кошаркарските терени кај нас, за викендов се предвидени три натпревари од второто коло во најсилната лига. Со оглед дека беше слободен на почетокот на новата сезона, реновираниот состав на Работнички денеска против Водњански лисици ќе го има дебито во натпреварувачката 2014/15. Куманово ќе го пречека Кожув, а утре Фени индустри ќе ја пречека Струмица.

На кошаркарските терени кај нас, за викендов се предвидени три натпревари од второто коло во најсилната лига. Со оглед дека беше слободен на почетокот на новата сезона, реновираниот состав на Работнички денеска против Водњански лисици ќе го има дебито во натпреварувачката 2014/15. Куманово ќе го пречека Кожув, а утре Фени индустри ќе ја пречека Струмица. Овој пат одмора шампионот МЗТ Скопје, кој вечерва пред камерите на Македонската телевизија од 21 часот ќе се сретне ос Солнок во Јадранската лига.
Вчера, на отворањето на второто коло во Првата македонска кошаркарска лига, Соколи славеа во Штип кај Гоце Делчевв со 91-89, дури по две продолженија. Никола Караколев беше најефикасен на мечот со 22 поена, а Диме Тасовски од победничкиот табор заврши со 21 кош.
