Македонија- лидер во регионот по бројот на млади стрип- цртачи

18.10.2014 16:54

Велес викендов е центар на балканскиот стрип. Дваесет стрип цртачи од балканските земји се дел од 12-от Интарнационален салон на стрипот. Годинава главниот фокус е ставен на продажбата на стрипот која последните две децении рапидно е намалена. Деветата уметност несмее да згасне. Македонија е лидер во регионот по бројот на млади цртачи...

Популарноста на стрипот расте. Се повеќе млади почнуваат да ја учат техниката на создавање на деветата уметност.

„Првиот мој стрип го нацртав пред две години, текстот од овој стрип го напишав сам и во овој стрип се зборува за пилињата кои се борат против прасињата кои сакаат да им ги украдат јајцата“, рече Димитар Димов, вљубеник во стрип цртањето.

Зголемениот број на цртачи на стрип сеуште не продуцираат потреба од печатење на големи тиражи, ова е заклучок на Ервин Рустемагиќ, најпознатиот балкански стрип продуцент.

„Во светот многу е намалена побарувачката на стрипови. Пример пред 20 години Џеремаја во Данска се продавапе во 7.000 примероци, а сега печатиме само 800 парчиња, за германскиот пазар печатевме 22 илјади примероци, додека сега едвај  3.000“, рече Рустемагиќ, стрип продуцент.

Рустемагиќ кој е добитник на  највисоката награда на 12 Интернационален салон за стрип, викендов со 20 балкански  стрип цртачи  преку дебата ќе се обидат да го најде решението како полесно да се продава уметноста која многу напреднала.

„Во овие неколку дена колку ќе трае изложбата во Ликовниот салон посетителите ќе може да видат што црта светот и колку е напред отидена техниката на создавање на стрип“, рече Ване Трајков, Стрип Центар.

„Македонската стрип сцена во последните неколку години доживува вистинска експанзија на квалитетни дела од домашни автори за што говори бројот на аплицирани и подржани проекти“, рече Снежана Ристовска, државен советник  во Министерство за култура.

12-тиот Интернационален салон на стрип  годинава се одржува со помош на проектот „Ново балканско пријателство“. Тој е финансиран од холандската фондација Принц Клаус. Негова цел е зајакнување на стрип културата во балканските земји.

 

Дијана Иванова