Две нови индустриски зони во Источна Македонија

18.10.2014 17:11

Почна изградбата надве нови индустриски зони во Источна Македонија. Едната во Виница, другата во Берово. Ќе бидат готови до средината на идната година. Сите најавени странски инвестиции до крајот на годината треба да вработат 3.500 луѓе...

Се градат две нови индустриски зони во Источна Македонија, едната во Виница, другата во Берово. Ќе бидат готови до средината на следната година.

Простор за дваесетина нови инвестиции што треба да го подигнат животниот стандард во овој дел од држвава. ТИРЗ Виница ќе се простира на 20 хектари и на неа ќе има 10 парцели.

Октомври 2006-та, беше месецот и годината кога беше поставен камен темелникот на првата инвестиција во Македонија, Џонсон Контролс која денес има изградено две фабрики, рече премиерот Никола Груевски.

Индустриската зона во Берово е на само 1 километар од градот и ова ќе биде уште едно обележје за Источна Македонија.

Во индустриската зона ќе се вложат половина милион евра според директорот  на индустриските развојни зони, и тие воедно се најдобар промотор за економијата.

Денес беа пуштени и две спортски игралишта во овие општини.