Здрава храна и физичка активност за долг живот

18.10.2014 17:17

Спортувајте и внимавајте што и колку јадете! Тоа е најдобрата инвестиција во сопственото здравје. МТВ на местото на кое се рекреираат скопјани...

Рекреативните места во Скопје се полни. Убавото време ги привлече рекреативците- кои на кејот на Вардар пешачеа, правеа вежби, трчаа. Скопјани се повеќе практикуваат здрав начин на живот и одделуваат време за спорт.

Томе Саздовски е дипломиран правник, редовно се рекреира.

„Настојувам секој ден на доаѓам дали тука, дали на Водно, можеби на Скопска Црна Гора, викенд кога доаѓа обично одиме на планинарење, возиме велосипеди, значи прилично доста време. Дали тоа да е овошје, зеленчук, било што – да во секој случај бидејќи џабе спортуваме ако се храниме неправилно“, вели Саздовски.

Здравите навики се создаваат уште од најмала воздраст. Преку едукација и правилно насочување, со цртање и рецитирање, родителите и наставниците ги учат најмладите да конзумираат здрава храна и редовно да вежбаат.

Нутриционистите и педијатрите со препораки до семејствата како на децата на наједноставен начин да им се долови значењето на овошјето и зеленчукот.

„Здравата храна се состои од многу овошје и многу зеленчук коишто во себе содржат многу витамини и минерали кои ке придонесат да тие ви помогнат за подобар раст“, изјави Тања Турунџиева, нутриционист.

„Потребно е детето да внесе широк спектар на важни хранливи материи кои ќе го подржат неговиот раст и развој, а тоа се протеините, јаглехидратите, мастите и другите важни елементи“, смета Катерина Старковска, педијатар.

Темпото е навистина брзо а секојденивието исполнето со многу обврски но има време за се особено ако сфатиме дека здравјето е избор.  Со навремено менување на навиките, со рекреирањето неколку пати во неделата и со разновидната исхраната ќе придонесеме за подобро здравје и подолг живот.

 

Сања Спиридонова