Електронско водење на медицинската документација со Мој Термин

18.10.2014 17:37

Медицинскиот дневник претставува основна медицинска документација во кој се внесуваат податоци за прегледот на пациентот во здравствените установи. Досега, медицинскиот дневник се водеше на хартиен образец...

Медицинската документација во Мој Термин ќе се води електронски за да се намали административната работа на речиси девет илјади здравствените работници. Оваа новина ќе се применува од први ноември.

Медицинскиот дневник претставува основна медицинска документација во кој се внесуваат податоци за прегледот на пациентот во здравствените установи. Досега, медицинскиот дневник се водеше на хартиен образец, со рачно внесување на податоците за посетата на пациентот. Сето тоа значеше дополнително ангажирање на вработените во установите, рече Милан Аризанкоски, проект-менаџер на Националниот систем за закажување прегледи Мој Термин.

Според него, со воведување на Националниот систем за електронска евиденција во здравството, Мој Термин, се создадоа услови за електронско водење на медицинскиот дневник.

Ова значи дека податоците кои веќе се внесени во апликацијата која се користи во ординацијата на лекарот или во амбулантата, автоматски ќе се префрлат во електронскиот медицински дневник. Со тоа, во голема мерка ќе се намали административната работа во установите при што се добиваат комплетни податоци за прегледот кој е извршен, појасни тој.