Блок свет

10 министри сменети во Турција

27.12.2013 10:11

Турскиот премиер Ердоган смени 10 министри од својот кабинет како последица на големиот корупциски скандал што ја потресе земјата, и поради кој тројца министри си поднесоа оставки.

„Драги пријатели, ќе има 10 промени во актуелниот владин кабинет. Што се однесува до промените тие ќе бидат донесени до крајот на месецов“, изјави Реџеп Таип Ердоган, премиер на Турција

Во телевизиско обраќање рече дека тој и неговите сојузници се вистинската цел на истрагата по повод скандалот и додаде дека обидот неговото име да се поврзе со аферата нема да вроди со плод.

Нема одлагање на предвремените избори во Тајланд закажани за 2 февруари. Тајландската влада го отфрли повикот на Изборната комисија за одложување и покрај кризата во земјата којашто трае со недели. Комисијата смета дека во вакви услови во какви што се наоѓа земјата е невозможно да се одржат слободни и праведни избори. Во последните судири меѓу полицијата и демонстрантите загина еден полицаец, а 97 лица беа повредени.

Медиумите во Србија објавуваат дека се регистрирани осум смртни случаи како последица на инфекција од супербактерија, отпорна дури и на најсилните антибиотици. Станува збор за нова мутација на бактерии што се пренесуваат исклучиво во болниците, а заболените најчесто умираат од воспаление на белите дробови или инфекција на уринарниот тракт. Според експертите, ова се случува поради злоупотреба на антибиотици, односно поради честата и нерационална употреба на лековите без надзор.

Невреме во Италија. Силни ветришта, поројни дождови и снег го парализираа сообраќајот низ земјата. За само неколку часа на Алпите паднал снег во висина од еден метар, а во лавина загина 24-годишен французин. Околу 16 000 семејства останаа без електрична енергија. Железничкиот сообраќај меѓу Италија и Швајцарија бил во прекин, а прекинати се и бродските врски со Сардинија, Корзика, Наполи и Капри кадешто има силен ветер и високи бранови.

Марина Автовска