Спречен обид на ИДИЛ за заземање на Кобане

18.10.2014 18:42

Курдските борци во Кобане успешно одбија нов обид на џихадистите да ги отсечат од турската граница. Гранатиран е сирискиот премин кон Турција, единствениот пат за снабдување за Курдите и излез за бегалците.

„Изминатите денови ИДИЛ собираше борци и оружје околу Кобане. Очигледно сакаат да го освојат. Сепак, ова доведе до густи мети за коалициските напади“, изјави Џош Ернест, портпарол на Белата Куќа.

САД предупредија дека воздушните напади можеби нема да го спречат падот на Кобане и дека нивен приоритет е борбата во Ирак. Во Багдад се формира новата ирачка влада –секторот одбрана ќе биде на сунитите, а полицијата на шиитите.