ДПА официјално се враќа во Собранието

18.10.2014 18:53

Одлуката е донесена на првата седница на новиот состав на партиското собрание, избран по минатонеделниот конгрес...

ДПА и официјално се враќа во Парламентот. Одлуката е донесена на првата седница на новиот состав на партиското собрание, избран по минатонеделниот конгрес.

„Сите аргументи беа за враќање во парламентот. Првиот аргумент беше јавно и директно барањето на меѓународната заедница да се вратиме во парламентот. Вториот  е дека ние не сакаме да бидеме алиби на владата оти ние со нашето политичко однесување сме виновни што Македонија веќе тоне во политичка и економска криза. И третиот аргумент беше во оваа состојба каде поголемиот дел од медиумите се под контрола на власта или под контрола на организиран криминал и корупциски методи нас ни останува паралментот преку нашите пратеници да ги искажеме нашите политики ставови“, изјави претседателот на партијата Мендух Тачи.