Убиен Македонец во Србија!

18.10.2014 16:49

Минатата ноќ во Бегеч крај Нови Сад е убиен македонецот Слободан Стојановски-Кица (62 г.), сопственик на пекарницата „Слобода“. Како што соопштија од српската полиција, убиството не е политички мотивирано и не се поврзува со инцидентите што се случија по натпреварот Србија-Албанија, кога беа запалени повеќе пекари на албанското малцинство во Војводина.
 
Според мештаните, кои со симпатии говорат за убиениот Стојановски, тој потекнува од македонска фамилија која во 1964 год.се има доселено во ова место и отворила пекарница, која успешно работела. 
 
Полицијата соопшти дека убиецот е уапсен и се врши истрага за мотивите на ова убиство, за кое пишуваа сите српски медиуми.