По три децении Македонија добива современ простор за презентација на богатото културно наследство
На едно место 6.000 артефакти од сите историски периоди- сведоштва од праисторијата до средниот век...

Највредните примероци од македонското културно наследство изложени во новиот Археолошки музеј. На едно место 6.000 артефакти од сите историски периоди- сведоштва од праисторијата до средниот век.
Македонија по три децении добива ваков автентичен простор за презентација на богатото културно наследство. Првпат и ексклузивно пред јавноста ќе биде претставен значаен дел од артефактите, меѓу кои: рановизантиските оригинални мозаици од локалитетот Суводол, копијата од саркофагот на Александар Македонски, штитот од 3 век п.н.е. од локалитетот Бонче, реконструкцијата на римската кочија од втор век од Делчево, како и стаклената чаша дијатрета од 4 век.
Музејот има повеќе оддели - за праисториска археологија, античка и средновековна археологија, кабинет за нумизматика, лапидариум, антрополошка поставка.
Покрај богатата археолошка поставка, Музејот е опремен и со стаклени витрини, 15 восочни фигури, 83 уметнички слики, видеоанимации, амбиентални ситуации, мозаици од вредното културно наследство, а има и реконструкција на објекти од неолитот, современо музеолошки конципирана.
