Карате
Четири балкански титули и вкупно 7 трофеи за македонските каратисти
18.10.2014 23:38
Историски ден за македонското карате. На 15 изминати балкански шампионати никогаш немавме златен медал, а вечерва во салата "Билјанини извори" во Охрид за помалку од еден час беа промовирани четворица регионални лауреати. Мразот го скрши европскиот првак од Темпере Емил Павлов кој во македонското финале во категорија - 60 кг минимално го совлада Шабан Муртиши со 1 : 0.
Историски ден за македонското карате. На 15 изминати балкански шампионати никогаш немавме златен медал, а вечерва во салата "Билјанини извори" во Охрид за помалку од еден час беа промовирани четворица регионални лауреати. Мразот го скрши европскиот првак од Темпере Емил Павлов кој во македонското финале во категорија - 60 кг минимално го совлада Шабан Муртиши со 1 : 0. Во следната тежинска категорија - 67 кг Тодорчо Ристески доминираше во мечот со Марин Хркач од БиХ и го совлада со 3 : 0, до 75 кг Иво Цветковски дојде до златниот медал по победата со 2 : 0 над Србинот Богдан Мишовиќ а неверојатно трофејниот ден го заокружи Берат Јакупи, кој во категорија - 84 кг беше поуспешен од Хрватот Иво Квесиќ со 3 : 1. Покрај четирите балкански титули, македонските каратисти освоија уште три медала. Освен Муртиши, единствениот сребрен кај девојките го заслужи Симона Заборска до 55 кг, а Дејан Црничиќ во категорија - 67 кг освои бронза.
Утре на програмата се екипните натпревари во кати и во борби екипно, кои почнуваат во 9 часот кои како и денешните, може да се следат во живо на веб страницата на Карате федерацијата на Македонија, која за првпат е домаќин на една сениорска балканијада.
