Останати спортови

За Фетел уште едно признание

27.12.2013 10:13

Традицијата на избор на најдобар спортист на Европа во организација на полската новинска агенција (ПАП) испочитувана и годинава. Приматот НАЈ на стариот континент му припадна на германскиот формула 1 возач Себастијан Фетел, кој 4-та година со ред го освојува Ф1 шампионатот со 13 победи од 19 трки, со тоа заслужувајќи ги 166 бода.

Фетел собра 39 повеќе од тенискиот планетарен рекет број еден Рафаел Надал и британскиот атлетичар Мо Фарах кој на крајот броеше 87 бода.

Од дамите највисоко пласирана шеста, заврши скијачката Тина Мазе која со сигурност ја одбележа 2013-тата на белите патеки, поставувајќи високи стандарди за престиж. Таа беше и единствената од понежниот пол која се вмеша во топ 10-тката спортисти.

Во гласањето учествуваа новинари од 21 спортска европска новинска агенција.

Поредок:

1.      СЕБАСТИЈАН ФЕТЕЛ –Германија (ФОРМУЛА 1)        166 бода

2.      РАФАЕЛ НАДАЛ –Шпанија (ТЕНИС)                             127

3.      МО ФАРАХ-В.Британија (АТЛЕТИКА)                             87

4.      КРИСТИЈАНО РОНАЛДО-Португалија (ФУДБАЛ)        84

5.      ФРАНК РИБЕРИ-Франција(ФУДБАЛ)                               82

6.      ТИНА МАЗАЕ-Словенија (СКИЈАЊЕ)                              76

7.      КРИС ФРУМ-В.Британија (ВЕЛОСИПЕДИЗАМ)            58

8.      НОВАК ЃОКОВИЌ-Србија (ТЕНИС)                                 50

9.      ТОНИ ПАРКЕР-Франција (КОШАРКА)                            45

10.  МАРИТ БЈЕРГЕН-Норвешка (НОРДИСКО СКИЈАЊЕ)              34