Протести во Хонг Конг, повредени 20 лица
19.10.2014 11:28
Дваесет лица се повредени во судирите меѓу полицијата и учесниците во протестите во Хонг Конг изутринава, соопштија локалните власти, нагласувајќи дека тоа е четврта ноќ, во која избиваат судири, кои следеа по тринеделните мирни продемократски демонстрации.
Повеќе десетици полицајци опремени со штитови и кациги се обидоа да ја потиснат групата демонстранти собрани зад барикадите во северниот дел на Хонг Конг, Монгкок, удирајќи неко од нив со пендраци.

Некои од демонстрантите од местото на судирите се однесени со носилки, додека дежурните лекари им пружиле помош на лицата, кои се здобиле со повреди во пределот на главите, скршеници и модринки.
Во соопштението, кое изутрината го објави хонконшката полицијата се наведува дека полицајците употребиле „минимална сила“, откако демонстрантите ненадејно се обиделе да го пробијат полицискиот кордон.
Учесниците во протестите, пак, тврдат дека не сториле ништо за да ја испровоцираат насилната реакција на полицијата.