Фудбал

Работнички во серија, Пелистер пости еден месец

19.10.2014 12:35

Во увертирата на денешното големо 1-2 дерби, Шкендија-Вардар, се одиграа воведните натпревари од 11-та фудбалска првлигашка рунда.

Во Скопје актуелниот првак Работнички ја совлада Ренова со 3-0 и ја продолжи серијата на три победи во низа. Алтипармаковски во 5, Стојков во 62 и Чурлинов во 85 минута беа стрелци на головите за нови три бода на „дебармаалци“.

Во Битола екипата на Пелистер против Турново пропушти уште една шанса да го прекине речиси едномесечниот пост без триумф, откако одигра 0-0. Најголемата шанса за победа битолчани не ја искористија во 52-та минута кога дефанзивецот Брдаровски не искористи пенал.

Денеска од 14.30 со пренос на собранискиот канал на МРТ во големото дерби во Тетово се судираат двата најголеми аспранта за титулата Шкендија и Вардар. Црвено-црните се лидери на табелата со 6 бода предност над тетовскиот прволигаш, го добија првиот двобој оваа сезона во Скопје но, Шкендија триумфираше пред своја публика на последните два дуела.

Од 14.30 денеска се играат и другите две средби од ова коло. Во Кратово Силекс го пречекува Металург а во Штип Брегалница за противник го има Тетекс.