Кил го прегази Металург во Скопје
Ракометарите на Металург не успеаја да излезат од црната резултатска дупка во Лигата на шампионите.
Четвртиот последовен пораз во групата со Вугринец во составот го доживеја од германскиот првак Кил со 42-27. Се беше јасно уште во првото полуврме во кое гостите направија седум гола позитива, 22-15.

До крајот „зебрите“ кои играа без повредените Јиха и Палмарсон, рутинирано и во висок ритам го декласираа нашиот првак и ја остварија третата победа во групата. Дувњак со 8 и Канељас со 7 гола беа предводници во најубедливиот триумф на Кил досега во дуелите со металурзите.
Димовски беше најефикасен кај Металург со 6 погодоци, еден помалку постигна повратникот Вугринец. Во оваа група синоќа Ла Риоха го победи ППД Загреб со 22-21, а денеска играат Брест Мешков – ПСЖ.