Црвено-црна опасност во Монпеље и во Подгорица
Ракометното семејство Вардар денеска е надвор од земјата. Ракометарите влегуваат во четвртата рунда од Лигата на шампионите, додека девојките со нетрпение го очекуваат стартот во Подгорица.
Забревтаниот машки Вардар во Монпеље од 17 часот брка четврта победа во низа и продолжување на одличната секвенца која најавува врвни резултати. На крилјата на импресивниот триумф над Рајн Некар во Скопје, црвено-црните посакуваат скалп и од вицешампионот на Франција.

Синоќа во оваа група Веспрем очекувано славеше кај Цеље со 24-21 а денеска Рајн Некар ги пречекува Чеховски Медеведи.
Поубавата половина од семејството Вардар од Црна Гора во 19 часот тргнува во лов на нов и поуспешен фајнл фор. Во римеч на полуфиналето од првиот завршен турнир на четирите најдобри женски екипи во Европа во Будимпешта, избраничките на Индира Кастратовиќ се судираат со Будуќност.
Иако се без повредените Хмирова и Пино, целта е да се стартува со триумф и одмазда за поразот кој ги елиминираше од големото финале минатата сезона во ЛШ.