МВР распишува оглас за 400 полицајци
19.10.2014 13:22
Министерството за внатрешни работи утре ќе распише Јавен конкурс за прием на 400 извршители на работно место „Полицаец“ за работа во организациските единици сместени во Скопје, најави денеска на прес-конференција министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Кандидатите кои ќе ги исполнат условите и кои ќе бидат избрани по направената селекција, ќе склучат договор за основна обука за кандидат за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи.

Како и при распишувањето на претходните два конкурси за прием на полициски службеници, кандидатите треба да исполнуваат и општи услови. Да се државјани на Република Македонија, да се полнолетни а да не наполниле 25 години, да имаат завршено најмалку четиригодишно средно образование, да се здравствено и психофизички способни и со правосилна пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност, информира Јанкулоска.