Роси победи во Австралија
Популарниот „доктор“ беше најбрз на патеката Филип Ајленд на трката за големата награда на Австралија во мотоциклизам.
Втора победа сезонава за легендата на мото спортот Валентино Роси во џи-пи класата , негова108 победа во кариерата 82-ра во кралската класа на јубилејниот 250-ти старт.

Место на подиумот на Филип Ајленд имаше и за Хорхе Лоренцо и Бредли Смит откако лидерот во генералниот поредок Марк Маркез по 10 круга ја заврши трката што изобилуваше со доста излетувања.Маркез и натаму води со 312 поени со обезбедена тиутла на две трки до крајот во малезија и валенсија, додека Роси е втор во поредокот со 255 поени, 8 повеќе од Лоренцо.