Историски денови за македонското карате
Ако на претходните 15 собири на најдобрите балкански каратисти Македонија немаше ниту еден златен медал ,на балканскиот шампионат што се одржа во Охрид, Македонија стана најуспешна карате нација со вкупно 9 медали од кои 5 златни.

По 4-те злата во поединечна конкуренција денеска петтото на колекцијата го додадоа нашите ката репрезентативки, а браонзата за вкупно 9-те медали ја освои нашата сениорска репрезентација во борби.Балканското според оценките на многубројните гости меѓу кои и претседателот на европската и светската федерација мина во одлична организација на македонската карате федерација, а 9-те медали влеваат надеж за успешен настап на претстојното светско првенство во Бремен.