Радовиш: „Самун ем татлија“ за сладовкусците
За вкусот на македонската кујна пофалбите се големи како од домашните така и од странските сладокусци. Многу традиционални специјалитети се повод за нивно анимирање на фестивали, настани во градовите кои се белег на мајсторите кои од колена на колена го негуваат автентичниот рецепт за нивна подготовка...

За сладовкусците уште еден гурмански фестивал. Овој пат во Радовиш на „Самун ем татлија“. Радовишани по вторпат ја организираат оваа манифестација на која ги покажуваат своите кулинарски мајстории во подготовката на самунот, карактеристика за овие краеви, но и десертот татлија подготвен од младо сирење, јајца, млеко и шербет. Граѓаните задоволни од фестивалот.
„Супер е, многу, многу поорганизирано од лани. Мислам дека ќе биде незаборавно“, вели еден граѓанин.
Градоначалникот на Радовиш ги засече првите парчиња од најголемиот самун, но и тавата вкусна татлија. Манифестацијата освен што ја збогатува туристичката понуда, го помага и локалниот развој.
„Оваа манифестација има неколку аспекти. И во делот на разџвој на развој на туризмот, и од еконосмки аспект и промоција на општината“, вели градоначалникот на Радовиш, Сашко Николов.
Освен гурмански, на фестивалот има и музички посластици. Вчеравечер настапуваа радовишките музички имиња, а вечерва има посебна програма.
„Вечерва ќе настапшат и Сашо Гигов Гиш, и атракцијата Хари Мата Хари кој првпат доаѓа во Радовиш“, вели Игор Чапов- организационен одбор на фестивалот.
В недела на програмата се Благица Павловска, Соња Тарчуловска, Елена Велеска и Сузана Спасовска.
Катерина Давчева
