Обновено опожареното училиште во Могила

19.10.2014 16:45

Над 50 ученици од основното училиште Кочо Рацин во селото Долно Србци, Битолско, ја продолжуваат наставата во комплетно обновеното училиште кое беше опожарено пред две години. Новата училишна зграда чини околу 10 милиони денари и е резултат на ветувањето на владата откако старото училиште во пожарот од пред две години изгоре до темел...

По деве години настава во импровизирани услови, 56-те ученици од подрашното ОУ „Кочо Рацин“ во селото Долно Српци, повторно ќе се школуваат во современи услови. На истото место од опожарената училишна зграда изградено е ново училиште кое за овдешните основци донесе и нови придобивки.

„Новата училишна зграда е прекрасна. Однадвор е убава, а внатре е навистина модерна. Сега ќе имаме поголема комоција оти порано во една клупа седевме и по четири деца“, вели ученичката Симона Ристевска.

„Изненадена сум од прекрасниот изглед и внатрешниот ентериер, едноставно нема на што да се најде мана“, вели ученичката Мартина Груевска.

Во новото училиште вложени се окулу 10 милиони денари, а градбата е реализирана согласно со ветеното при посетата на премиерот Никола Груевски на опожарениот училичен објект. Позитивната енергија која денес се чувствуваше во селото дава сигнал дека кон образовниот процес  се посветува внимание.

„Мислам дека децата добија добри услови за настава, во следните неколку години тоа има капацитет да ги прифати сите новозапишани основци, но доколу наталитатот се зголеми, подготвени сме истото да бите надоградено или проширено“, рече заменик министерот за образование Спиро Ристовски.

Во насока на осовременувањето на образовниот процес учениците од општина Могила, во централното ОУ Гоце Делчев ќе добијат модерна спортаска сала. Првата израдена спортска сала од постоењето на општината се очекува да биде готова до крајот на годината.

 

Стевче Митрески