Бунарџик на врвот во Европа!
Зоната во Скопје е на врвот меѓу европските слободни зони. Угледниот ФДИ магазин на „Фајненшл Тајмс“ ја прогласи за најдобра за водење бизнис. На едно место собрала големи гиганти. Премиерот Груевски смета дека првото место во реномираниот магазин е потврда за успешните политики...

Индустриската зона во Бунарџик е прва меѓу европските. Ова е оценката на ФДИ магазинот на „Фајненшл Тајмс“. Највисока оценка е поради успешното привлекувањето на познати светски фабрики кои го направија првиот чекор а по нив дојдоа и многу други странски компании. Целта на проектот кој стартувал кон крајот на 2006 тата била земјава да ја промовира како инвестициски бренд во глобалниот бизнис свет. Премиерот смета дека првото место во угледниот магазин е потврда дека политиките се успешни.
„ФДИ изврши рангирање на зоните, а зоната во Скопје ја прогласи за прва зона, најдобра во Европа, така што тоа е уште едно признание, валоризација на нашиот труд и за политиките кои ги водиме. ФДИ има повеќе критериуми според кои тоа го прави. Тие изразија и високи оценки за начионот на кој земјата работи да привлече странски инвеститори и за успехот во тоа“, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
До крајот на годината се очекува да започне и изградбата и на технолошко индустриската зона во Делчево, вели првиот човек на ТИРЗ, Виктор Мизо. Компаниите кои ги потврдија своите одлуки за инвестирање треба да донесат околу 7.000 нови вработувања. Некои од нив веќе градат фабрики, некои се во финални подготовки.
„Започнуваме со двете фази на Џонсон Мети, тука е Вистеон, поранешниот Џонсон Контролс во Скопје, тука е Технохозе, која во моментот ја гради втората фаза, тука се Кемет електроникс, Продис, Ван Хул и Џонсон Контролс во Штип. Тие се компаниите кои работат, кои се функционални, но неколку компании се во процес на градба на своите објекти“, објаснува директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо.
Една од компоненетите на проектот странски инвестиции е и регионалниот развој. Индустриските зони треба да им помогнат намладите да не се селат од своите родни места, тие се шансата за локален економски развој.
Бројката на вработени во компаниите кои се во зоните оваа година ќе достигне околу 3.500. Таа бројка според Мизо идната година драстично ќе се зголеми.
Дијана Ценевска
