Спорт за здрав живот!

19.10.2014 17:14

Секое трето дете има зголемена тежина. За здрави навики добро е да се спортува. Децата ги сакаат фудбалот и кошарката. Нивните тренери велат за добра кондиција треба редовна и здрава храна...

Заедничка алка за Петре, Стефан и Теона е спортот. По часовите времето го поминуваат на трениг, вежбајќи и сонувајќи да станат дел од некој светски познат клуб.

„Тренирам затоа што го сакам фудбалот, а и од дома ми рекоа дека е дорбо да се спортува“, вели Петре Трајков.

„Тренирам пет години, го сакам сакам спортот, сакам да играм кошарка и затоа тренирам“, рече Стефан Јаневски.

„Тренирам одбојка затоа што тој спорт најмногу ме привлекува“, вели Теона Крстевска.

Петар, Стефан и Теона се на добар пат да изградат здрави навики, вели Гоце Петрески, меѓународен фудбалски судија.  За да се биде успешен спортист, за да се има кондиција треба редовна и здрава храна.

„Спортот го гради карактерот, а најбитно од се е што преку спортот се создава здрава личност“, изјави Гоце Петерски, меѓународна фудбалски судија.

Податоците дека секое трето дете има зголемена или прекумерна тежина не ги остава родителите рамнодушни.

„Освен за исхрана за нашите деца битно и да спортуваат. Секој спорт е добар за дечињата, важно е да се физички активни“, смета Виолета Марковска, родител.

„Едниот тренира кошарка, другиот ракомет, третиот фудбал“, вели Небојша Јаневски, родител.

Ако навреме се стекнат здрави навики во држвата нема да се повторува негативниот тренд на население со зголемена или прекумерна тежина, каква што имаат 20 проценти од возрасните во Македонија.

„Во делот на спортот, во делот на рекреацијата, во делот на здрававиот живот и тука ќе насатапиме со многу различни механизми и инструменти. И оваа наша политика за градба на спортски игралишта, спортски сали и спортски терени, е во духот на здравиот начин на живот“, изјави премиерот Никола Груевски.

Здравата храна и физчката активност треба да ја намалат црната статистика и да го намалат бројот на заболни од рак за 60 проценти, а бројката на заболени од дијабет би се намалила за 90 проценти.

 

Наташа Јанчиќ