„Парон“: Скопје ја добива битката за името
Извор од Пентагон открил дека и во рамките на интернет курсевите на Алијансата, нашата земја многупати е претставена како Република Македонија...

Полека и по заобиколени патишта Скопје успева да победи во битката за името, барем во рамките на НАТО, пишува денешен Парон. Извор од Пентагон открил дека и во рамките на интернет курсевите на Алијансата, нашата земја многупати е претставена како Република Македонија.
„Така на пример, во рамките на курсот по англиски јазик за офицерите од мултинационалните операции, се презентира и работен документ со наслов "Мировни операции", каде што Скопје се именува како Македонија, а армијата како Македонска“, пишува Парон.
Повикувајќи се на свои извори, весникот информира дека иако грчката страна реагирала за користењето на нашето уставно име од страна на НАТО, гореспоменатиот работен текст сеуште не бил повлечен.
„Ова не се единствените анти-грчки провокации на НАТО. Да се потсетиме на мизеријата од неодамнешниот самит на Алијансата во Велс, каде што домаќинот го претстави министерот за надворешни работи на ПЈРМ како министер за надворешни работи на Македонија. Изгледа дека НАТО почна да му го штити грбот на Груевски. Но, за министерството за надворешни работи речиси и нема проблем. А резултатот е дека трајна загуба за Грција“, пишува весникот.
Дека Грција веќе загуби во проблемот што го има со нашето уставно и историско име смета и четвртата најпопуларна партија во Грција „Потами“. Запрашан за користењето на нашето уставно име, лидерот на партијата Теодоракис на прес-конференција во Серес, изјави:
„Има многу земји во светот што ја признаваат државата како Македонија. Ова е голем проблем, а ние испуштивме голема можност“, вели Теодоракис.
Од „Потами“ уште еднаш потврдија дека се залагаат за сожено име со географска одредница за нашата земја, иако еден од нивните челнови, писaтелот Никос Диму неодамна изјави дека Македонија може да се вика како што сака, па и Македонија.
Во меѓувреме, сите грчки весници ја објавуваат информацијата за вчерашното отварање на Археолошкиот музеј на Македонија. Под насловот „Александар и Филип во Скопје“, грчките медиуми информират дека во колекцијата од 6000 изложени предмети се наоѓаат и восочните фигури од Филип Втори и Александар Македонски, како и копија од неговиот саркофаг.
Марија Котовска, постојан дописник на МРТ од Атина
