Во екплозија во Бејрут убиен поранешен министер и член на опозицијата

27.12.2013 10:53

Силна експлозија изутрината...

Силна експлозија изутрината ја потресе престолнината на Либан, Бејрут. Експлозијата се случила во близина на зградата на владата и на парламентот, при што загинаа петмина, а повеќе десетици лица се повредени.Според официјални извори, во несреќата загинал поранешниот министер Мохамед Шатах чијшто конвој бил цел на нападот. Шатах бил дел од опозицијата и помошник на поранешниот премиер на земјата, Саад ал-Харири. На местото на несреќата се наоѓаат безбедносни сили и екипи на итна помош, а телевизиските канали известуваат дека луѓето панично бегале од местото на нападот. Досега никој ја нема преземено  одговорноста за експлозијата.