Обединетата Македонска дијаспора го прослави 10-от роденден
Јас сум 100-процентен Американец и 100-процентен Македонец, вели Македонецот од Флорида којшто иако роден во Америка не ги заборава своите македонски корени. Со солзите во очите и пензионираниот американски полковник Владимир Петров упати честитка за 10-годишнината од основањето на Обединетата Македонска Дијаспора. На свеченоста во Вашингтон присуствува претставници од македонската Влада, од американските институции и пријатели на Македонија...

Македонците по потекло иако родени во Соединетите Американски Држави не ги забораваат своите македонски корени.
„100 посто Американец, 100 посто Македонец“, вели Лу Влашо- Македонец од Флорида добитник на награда на ОМД.
„Ја сакаме Македонија!“, додава Владимир Ацев- Македонец, пензиониран американски полковник.
Македонија има многу пријатели меѓу Американците.
„Сонот за Европа цела и слободна може да се комплетира само кога Македонија ќе биде целосно интегрирана во евроатланските институции“, смета Том Јаѕерди- Стејт Департмент.
„Како американски државјанин ја засакав идејата да бидат дел од Македонија. Сега Македонија навистина стане дел од мојот живот поради Македонците први ги отворија нивните срца, животи и врати за мене“, вели Џејсон Мико- почесен конзул на Република Македонија во Тусон, Аризона.
Најубави зборови за Македонија имаат и странците коишто се во брак со Македонки.
„Прво и основно што го сакам во Македонија се луѓето. Тие се отворени, топли и пријателски“, вели Шејн Френклин- Американец женет со Македонка.
„Македонија е прекрасна земја со многу потенцијал за туризам, каде туристите можат да уживаат и го откриваат скриениот скапоцен камен на Балканот“, додава Бруно Мушолино-Французин женет со Македонка.
Дијаспората е мостот меѓу иселениците и татковината.
„Впрочем и денешниот настан којшто го прославува, 10 години од формирањето на Обединетата Македонска дијаспора и самата посетеност на овој настан укажува дека интересот кај нашите иселеници за случувањата во Република Македонија е навистина огромен“, изјави Павле Саздов- пратеник.
„Работата што ја работи ОМД, каузата и мисијата е да ги обединува пред се Македонците низ целиот свет, но и да ги претставува интересите и потребите на Македонците во Вашингтон, во главниот град на Америка“, нагласува Мето Колоски- Претседател на Обединета Македонска Дијаспора.
На свеченоста по повод годишнината од основањето на Обединетата Македонска Дијаспора во хотелот Хилтон во Вашингтон, освен претставници од Белата куќа, Стејт Департмент и Пентагон, присуствуваа и министрите Наумов и Јанакиески. Писма со честитки упатија и десетина американски сенатори и конгресмени.
Десет години, Обединетата Македонска Дијаспора лобира за интересите на Македонија.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
