Две момчиња загинаа во сообраќајна несреќа кај Теарце
19.10.2014 18:51
16 годишно момче од Јегуновце и 21 годишник од Лешок загинаа попладнево во тешка сообраќајна несреќа на патот Тетово - Јажинце во близина на Теарце.
Возилото го управувал 24 годишен возач од Лешок, кој со тешки повреди е пратен на скопска клиника.
Во несреќата учествувале уште два автомобили. Нивните возачи и двајца сопатници се задржани во тетовската Клиничка болница.

На местото на страотната сообраќајна несреќа е извршен увид. Се работи на деталите околу причините за несреќата, информира полицијата.
Зоран Јованоски