Дербито во Тетово за Вардар
Чекорот на Вардар во првенството на Македонија и натаму е победнички. Лидерот во првенството во дербито од 11 коло ја совлада Шкендија со 2:1. Тоа беше една од највисоките бариери испречена пред „Вардарците“ во обидот да се врати на шампионската патека. Шкендија не успеа да го повтори успехот од септември,кога во рамките на Купот на Македонија му го нанесе првиот пораз на Вардар во сезонава.

Фуриозниот почеток на гостинскиот состав го реши исходот на дербито. Во 6-та минута Петковски вешто ја искористи грешката на Абдула и лесно погоди. Петковски, кој е во извонредна голгетерска серија,во 16-та минута беше инспиратор и на вториот гол на Вардар. По корнерот, тој високо се вивна со глава спуштајќи ја топката пред противничкиот гол, овозможувајќи му на Грнчаров да зголеми на 2:0. По неискористената шанса на Вручина, на резултатската неволја на Шкендија се надоврза исклучувањето на Митров во 25-та минута. Во улога на последен одбранбен играч, тој го загуби дуелот со Петковски, а по направениот фаул доби црвен картон од судијата Јакимовски.Во второто полувреме сликата на теренот се смени.Домаќинот нападна, Вардаровата ориентација беше да го одбрани уверливото водство, иако имаше играч повеќе на теренот.. Во 74-та минута „резервистот“ на Шкендија Демир Имери намали на 2:1 како последица и на лошата интервенција на вардаровиот голман Павловиќ.Мечот доби драматична завршница .Најнапред играчите на Шкендија рекламираа пенал, откако топката го погоди Таневски в рака,но судијата Јакимовски донесе поинаква одлука. Во последните секунди Имери можеше да се прослави, но неговиот удар заврши крај голот! Дербито во Тетово се одигра под силно полициско обезбедување. Го следеа 10 илјади гледачи, меѓу кои според договорот на двете клупски раководства без навивачи на Вардар.Веќе в среда, претстои нов меѓусебен дуел меѓу Вардар и Шкендија, реванш -натпревар од 1/8 финалето на Купот на Македонија.
Прва лига -11 коло:резултати
Шкендија-Вардар 1:2
Брегалница-Тетекс 4:1
Силекс-Металург 2:1
Пелистер-Хоризонт 0:0
Работнички-Ренова 3:0
Табела:
1.Вардар 27
2.Работнички 19
3.Шкендија 18
4.Металург 17
5.Силекс 17
6.Пелистер 16
7.Хоризонт 15
8.Ренова 12
9.Брегалница 8
10.Тетекс 2