Црвено-црн бод во Монпеље
По трите победи на стартот ракометарите на Вардар останаа непоразени на гостувањето против Монпеље во 4-тото коло од лигата на шампионите и со сигурна игра во финишот се изборија за реми 34-34.

По трите победи на стартот ракометарите на Вардар останаа непоразени на гостувањето против Монпеље во 4-тото коло од лигата на шампионите и со сигурна игра во финишот се изборија за реми 34-34.
Почетокот им припадна на вардарци, во првите 20-тина минути имаа предност од 1-2 гола разлика ,но на полувреме со водство замина францускиот претставник со 19-17. Во вториот дел Монпеље имаше и 4 гола предност, но во финишот помогнати со неколку одбрани на Штербик ракометарите на Вардар намалија на 34-33 и со голот на Карачиќ на 20 секунди пред крајот освоија вреден бод, не само на патот кон осминафиналето туку и за освојување на високо место во групата што претпоставува полесен противник во нок-аут фазата. По 4 кола Вардар има 7 бодови на второто место во групата , 1 помалку од Веспрем.
Во екипата на Вардар најефикасен беше Дибиров со 9 погодоци, додека два повеќе во домашниот состав постигна Гребиј , но недоволни за победа на Монпеље. Во Лигата на шампионите следува безмалку едномесечен прекин, па следниот натпревар Вардар ќе го одигра во Скопје против Веспрем на 15 ноември.
