Будуќност со нова лекција за Вардар
Ништо од осветата за минатосезонскиот пораз во полуфиналето од фајнл-фор турнирот во лигата на европските ракометни шампионки.Македонските првенки загубија на стартот во новата сезона во лигата на шампионите од Будуќност во Подгорица со 23-17.

Пред исполнетата сала Морача, домашните ракометарки комплетно го контролираа целиот тек на натпреварот ,постојано беа во предност и на крајот славеа убедливо против дезорганизираните вардарки кои направија 14 технички грешки.Во групата на вардар денеска се одигра и натпреварот меѓу Туринген и Подравка во кој славеа убедливо германките со 33-20.