Само Будуќност со гостински триумф

19.10.2014 23:03

4 –тото коло во АБА регионалната кошаркарска лига мина во речиси комплетна доминација на домашните екипи. Единствено вечерва екипата на Будуќност на гости го совлада Левски со 92-75, додека убедливи пред своите навивачи беа кошаркарите на Унион Олимпија кои со 87-58 го победија Партизан, Цедевита со 79-66 славеше над Металац, а Црвена Звезда со 93-77 го победи составот на Мега Визура.

Вчера МЗТ под водство на новиот стратег Врбица Стефанов го победи Шолнок со 74-58, а Игокеа славеше над Крка со 66-53. На табелата по 4 кола водат Црвена Звезда и Будуќност со 4 победи во исто толку натпревари.