Европска недела за безбедност и здравје при работа

20.10.2014 08:41

Македонското здружение за заштита при работа денеска организира тркалезна маса на тема „Важноста и учеството на граѓанските организации во креирањето на политики на национално ниво”.
 
Оваа активност е дел од ИПА проектот „Граѓански организации како активни социјални актери во промоција на стандарди за безбедност и здравје при работа” и воедно со овој настан започнува одбележувањето на Европската недела за безбедноста и здравјето при работа.
 
На тркалезната маса ќе се дебатира за влијанието, важноста и учеството на граѓанските организации во креирањето на политики на национално ниво.
 
Дополнително на настанот ќе биде презентирана „Студија за имплементација на безбедност и здравје при работа во Македонија”, изработена од проф. д-р Александар Гроздановски, како и промоција и најава на кампањата „Безбедноста на прво место”.