Се зголемува откупот и продажбата на земјоделски производи
20.10.2014 10:18
Скоро на сите пазарите се зголемува откупот и продажбата на земјоделските производи. Според Статистика, ваквиот тренд продолжува и во август годинава...

Според статистичките анализи, вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во август годинава е скоро една милијарда и двесте милиони денари што е за 11,5 проценти повеќе од лани.
Кај индивидуалните земјоделци откупот е зголемен за скоро 40, а кај производството на претпријатијата помалку од 1 процент.
Поголема вредност на купената и продадената храна има кај градинарските култури, овошјето, живината, млекото и неговите преработки, додека трговијата е помала кај житата, индустриските и фуражните растенија, грозјето и рибата.
Методија Трајков
