Напад врз редакцијата на подгорички „Вијести“
Експлозив со голема разорна моќ е фрлен синоќа врз редакцијата на дневникот „Вијести“ во Подгорица. Направата била фрлена под прозорецот на канцеларијата на главниот уредник, којшто во моментот бил во зградата. Од силната детонација се скршени прозорците на канцелариите и се демолирани подрумските простории. Во моментот на експлозијата во редакцијата имало околу 15-ина лица, и за среќа никој не бил повреден.
На Тајланд и денеска продолжуваат антивладините демонтстрации откако владата го одби повикот на Изборната комисија да ги одложи изборите закажани за 2 февруари.

„Во ред е да се одложат изборите, можам да го прифатам тоа. И владата треба да си оди. Тие луѓе не треба да бидат во политиката, бидејќи ние сакаме Тајланд да напредува“.- рече еден од демонстрантите
Вчерашните протести се претворија во насилни, кога полицијата со солзавци и со гумени куршуми се судри демонстрантите, при што загина еден полицаец, а речиси 100 лица беа повредени.
Руската војска почна да разместува нов стационарен ракетен комплекс, изјави претседателот Путин, и додаде дека Русија неодамна пуштила во употреба уште една крстосувачка подморница со нуклеарно напојување. Според рускиот претседател, ова е голем настан за Русија, што ќе ги подобри своите одбранбени капацитети. Тестирањето на проектилите ќе биде завршено во текот на 2014 година.
Израелската војска соопшти дека извела воздушни напади врз две цели во појасот Газа, како одговор на палестинските ракетни напади. Израелски официјални лица изјавија дека нема материјална штета ниту пак повредени лица. Во минатата недела снајперист од Газа уби израелски цивил, по што Израел одговори со воздушен напад убивајќи едно тригодишно девојче. Изралески воен портпарол рече дека земјата нема да ја толерира секојдневната агресија од појасот Газа со која владее происламистичкиот Хамас.
Најмалку 9 лица загинаа во авионска несреќа на Сибир. Авионот од типот Антонов 12 при обидот да слета се урнал врз воен магацин во близина градот Иркутск. Се утврдуваат причините за несреќата.
Марина Автовска