Уапсена благајничката на Институтот за белодробни заболувања- проневерила 70 илјади евра

20.10.2014 11:38

Благајничката неколку години , во континуитет, паричните средства наплатени од пациентите на Институтот кои и биле предавани од шалтерските работници, наместо да ги уплати на банкарската сметка, истите си ги присвојувала и си ги трошела за себе овозможувајќи си притоа луксузен живот...

Уапсена благајничката на Институтот за белодробни заболувања и туберколоза. Проневерила 70 илјади евра. Финансовата полиција ја уапси 51 годишната благајничка, по добиената дојава од менаџментот на Институтот дека се сомневаат во висината на остварените приходи од дадените услуги на пациентите.

По спроведената предистражна постапка и изврши детална контрола на книговодсвената документација и жиросметката со која располага Институтот, финансовата полиција утврдила дека на сметката на Институт фалат околу 70 илјади евра, пари од уплатената партиципација од пациентите.

Благајничката се терети за кривично дело „Проневера во службата“. Благајничката неколку години , во континуитет, паричните средства наплатени од пациентите на Институтот кои и биле предавани од шалтерските работници, наместо да ги уплати на банкарската сметка, истите си ги присвојувала и си ги трошела за себе овозможувајќи си притоа луксузен живот.

По извршената споредба на фискалната каса и уплатите на банкарската сметка, констатирано било  дека во изминатите 5 години, уапсената во определени денови кога имала потреба од поголема сума на пари, си го присвојувала целиот дневен промет на Институтот, а за да ги затскрие трагите на сторениот криминал и да ја префрли вината на другите вработени во Институтот, ја криела и уништувала книговодствеата документација.

Заради целосно расчистување на случајот, по наредба на судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје, во домот на благајничката од страна на Финансиската полиција  извршен е претрес при што  пронашле  поголем број на каса-прими обрасци од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза кои се изготвувани при примопредавањето на паричните средства од наплатената партиципација од пациентите помеѓу шалтерските рабоници и сега уапсената благајничка.

Во текот на претресот во актовка во домот на осомничената пронајдена е и интерната книга во која биле забалежувани примопредавањата на дневниот промет собран од пациентите, а која од неодамна исчезнала од просториите на Институтот.

Материјалите откриени при претресот и другата обезбедена документација веќе се доставени до Јавното обвиниелство на Република Македноија со цел нивно користење во истражната постапка која е во тек, информираат од Управата за финансова полиција.

По извршениот распит, судијата на претходна постапка на пријавената и одереди мерка притвор во траење од 30 дена.

Финансиската полиција продолжува со контрола на работењето на пријавената и пред 2010 тата година односно ќе го испитува и периодот кога пријавената работела на работно место шалтерски работник и имала директен контакт со парите на пациентите.

 

Наташа Гркова-Петрушевска