Атлетиката во 2013
Москва после 33 години, десет денови беше центарот на светската атлетика. По далечната, олимписката 1980 година стадионот Лужники одново ги отвори портите. 14 –то Светско првенство беше со многу ликови, кои и ја внесуваа вообичаената голема сугестивност на претставата.
Москва после 33 години, десет денови беше центарот на светската атлетика. По далечната, олимписката 1980 година стадионот Лужники одново ги отвори портите. 14 –то Светско првенство беше со многу ликови, кои и ја внесуваа вообичаената голема сугестивност на претставата.
Јусеин Болт беше главната личност. Финале на 100 метри за него исклучително важно..Непосредно пред стартот молњи почнаа да го параат небото над Москва, се истури дождот ...Но, Светлечкиот Болт блесна и го врати спринтерскиот примат. Американецот Гетлин беше втор, Неста Картер сонародникот на Болт трет. Шампионската трилогија на Болт имаше свое продолжение на 200 метри со нова супериорност. Заокружувајќи го својот настап за паметење во штафетата 4х100 метри во која Болт беше предводник на извонредниот квартет од Јамајка.
Шели- Ен Фрејзер за момент стана пандан на Болт. Со три златни медали исковани во истите дисциплини на 100, 200 и во штафетата на Јамајка 4х100 метри. Антологиски остварувања за светската атлетска историја, подвиг кој малкумина во 3 децениското мундијалско време го постигнале.
Британецот Мохамед Фарах ја потврди неприкосновеноста во трките на 5 и 10 километри. Суверено, лесно, тактички беспрекорно ги истрча трките на 5 и 10 километри.
Најемотивен момент. На тартанот во Москва си замина од атлетиката Елена Исинбаева. Мина низ тешка натпреварувачка драма во битката за златото.Беше носена од трибините на Лужники.Успеа! Нејзината замисла беше последниот нејзин прелет да биде со светски рекорд , малку и недостасуваше! Атлетската дива се поздрави со светот, останува легендата и фантастичните рекорди.
Раскошно беше финалето и во скок во височина. Бондаренко, Катарецот Барсим и Друен од Канада долго го ковеа редоследот во резултатски страшното финале. Бондаренко и го подари златото на Украина со прескокнати 2.41. А, потоа уследи лов на рекордот на Сотомајор од 2.45...беше неуспешен, но неговите летови беа величествени.
Во серијата врвни резултатски остварувања е и трискокот на Французинот Теди Тамго со приземјување над границата од 18 метри на 18.04.Валери Адамс четврти пат едноподруго ја одбрани светската титула во фрлање ѓуле...Шампионатот во Москва беше пребогат со личности и настани. Одлични беа Оливер, Гордон и Кембои во трките со пречки.Пречка е нашиот временски теснец за должното внимание за сите јунаци на атлетската Москва.Јамајка остана доминантна во спринтот,Русија со 7 титули беше најуспешната земја-учесничка, Американците освоија 24, најмногу медали...
15-то светско првенство ќе е во 2015-та во Пекинг!