Две јапонски министерки поднесоа оставки
Од доаѓањето на власт кон крајот на 2012 година ова е најтешкиот двоен удар за премиерот Шинѕо Абе, коментираат медиумите...

Две министерки од јапонската влада поднесоа оставки. Министерка за правда Мидори Мачушима се сомничи за прекршување на изборните правила. Министерката за трговија и индустрија Јуко Обучи е осомничена за злоупотреба на јавните фондови. Во период од 2007 и 2012 потрошила 74 илјади евра за активности кои не се поврзани со нејзиниот политички ангажман, односно поголемиот дел за козметички производи.
Од доаѓањето на власт кон крајот на 2012 година ова е најтешкиот двоен удар за премиерот Шинѕо Абе, коментираат медиумите.
Двете министерки, кои поднесоа оставка беа именувани на почетокот на септември, заедно со три други жени, што беа првите промени во јапонскиот Кабинет по период од околу две години.
