Македонија најуспешна карате нација на Балканот

20.10.2014 14:39

Изминатиот викенд македонското карате испиша уште една светла страница во својата трофејна историја. Во Охрид Македонија за првпат беше домаќин на сениорско Балканско првенство каде што за за првпат не само што се израдувавме на злато, туку нашите каратисти со 5 титули придонесоа Македонија да биде најуспешна во севкупен пласман во конкуренција на 214 каратисти од 10 земји.

Изминатиот викенд македонското карате испиша уште една светла страница во својата трофејна историја. Во Охрид Македонија за првпат беше домаќин на сениорско Балканско првенство каде што за за првпат не само што се израдувавме на злато, туку нашите каратисти со 5 титули придонесоа Македонија да биде најуспешна во севкупен пласман во конкуренција на 214 каратисти од 10 земји. Кај мажите во борби бевме доминантни со 4 први места од 5 категории, благодарение на вропскиот првак Емил Павлов, Тодорчо Ристески, Берат Јакупи и Иво Цветковски, додека петтото интонирање на химната го заслужи женскиот ката тим во состав Пулексенија Јованоска, Маријана Димоска и Мишела Димоска. Ризницата ја надополнија Шабан Муртиши и Симона Заборска со сребрените медали, како и Дејан Црничиќ и машкиот тим во борби кои придонесоа за досега најголемиот успех на балканијадите.

Тоа беше успешен тест и последна проверка пред настапот на С П во Бремен од 5 – 9 ноември. Организациски се беше во најдобар ред, со што КФМ се здоби со уште поголема репутација и со нескриени амбиции во иднина да добие доверба да организира Европско првенство. Тоа го потврди претседателот на WKF светската федерација Антонио Еспинос кој беше деновиве специјален гостин на КФМ, а во својот краток престој имаше прием кај премиерот Никола Груевски .