Лига на шампиони

Дибиров во елитниот тим на колото!

20.10.2014 14:54

Вардар е несоваладлив по четири кола во Лигата на шампионите, бодот кај Монпелје е како три поради гостинскиот терен, квалитетот на противникот и текот на натпреварот во којшто црвено – црните имаа и четири негатива. Вaрдаци одиграа под можностите во одбраната, примија 34 гола, но Арпад Штербик со неколку врзани одбрани во финишот им озвоможи да го задржат чекорот со лидерот во групата Ц, унгарски Веспрем.

Сепак, Тимур Дибиров  беше вардаровиот ракометар број еден, левото крило повторно блескаше, постигна девет гола и затоа влезе во најдобриот состав на четвртото коло. Со 11 погодоци против Вардар, левиот век на Монпелје – матју Гребије е во иделниот тим којшто го сочинуваат и плејмејкерот на ПИК Сегед - Дејан Бомбач, потоа  десниот бек на Кил - Марко Вујин кој седумпати ја затресе мрежата на Металург, како и десното крило на ПСЖ – Фахрудин Мелиќ, пивотменот на Брест Мешков – Растко Стојковиќ и голманот на Висла Плок – Родриго Коралес.

По речиси едномесечната пауза, Вардар ќе има можност да го преземе првото место затоашто дома ќе се соочи со Веспрем и тоа на 15 ноември, додека ден подоцна Металург ќе се обиде да се врати во игра во групата А и да ја прекине серијата од четири порази на гостувањето во Шпанија кај Ла Риоха.