Белград

Јолевски: Македонските војници придонесуваат во многу мировни мисии

20.10.2014 15:04

Поактивното вклучување на земјите од Западен Балкан во мировните операции на ОН е тема на регионалниот собир. Учествуваат 120 високи преставници и делегации на земјите од регионот...

Поголем придонес во мировните мисии на светската организација, бидејќи регионот има високо квалификувани и добро подготвени војници и офицери. Едно од барањата на конференцијата во Белград. Македонија може да се пофали со големо искуство на ова поле.

„АРМ има голем број на војници, речиси половината од нив биле во разни мировни операции-како во Авганистан, така и во Ирак, во БиХ и во Либан. Моментално имаме еден офицер во УНИФИЛД во Либан. Ги разгледуваме можностите и модалитетите како и во иднина можеме да учествуваме во одредени опрации, каде што сме потребни за да го чуваме мирот и безбедноста и во други региони во светот“, рече Зоран Јолевски, министер за одбрана.

Поактивното вклучување на земјите од Западен Балкан во мировните операции на ОН е тема на регионалниот собир. Учествуваат 120 високи преставници и делегации на земјите од регионот, САД, Русија, Кина, Нато алијансата и ЕУ.

Министерот Јолевски ја продолжува посетата на Белград, каде во среда ќе има официјална средба со неговиот колега-српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ.

Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ