Пет месеци пред планираното, заврши рехабилитацијата на мостот „Гемиџии“
Пет месеци пред планирното заврши комплетната санација на мостот Гемиџии во Велес. За прв пат од изградбата на мостот се санираа пукнатините на носивиот дел, комплетно е обновена коловозната плоча, пешачката патека и оградата а поставена е и нова хоризонтална сигнализација. Целата реконструкција чини 34 милиони денари, а средствата ги обезбеди ЈП за Државни патишта...

Мостот „Гемиџии“ во Велес е комплетно рехабилитиран. По седум месеци интензивно работење зајакната е конструкцијата на мостот, коловозната плоча, пешачката патека. 34 милиони денари го чинеше ЈП за Државни патишта целокупната санација.
„Станува збор за комплетна реконструкција значи после 50 години и на носивиот дел тоес на реконструкцијата која беше доста дотрајана и попуштена се употреби со инектирање на бетон појачување со арматура но и сите останати фази што следуваат после тоа“, рече Љупчо Георгиевски, директор на ЈП за Државни патишта.
Велешани задоволни од брзата санавија на мостот кој е градски сообраќаен крвоток.
„Баш добро, само сега треба да се одржава“.
„Како што го гледам не е лош, го направија за брзо време има и за пешаците“, велат анкетираните велешани.
Општина Велес веќе ги подготвува проектите кои планира наредната година да ги реализира заедно со ЈП за Државни патишта.
„Сега веќе ќе разговараме и околу делот кај езерото Младост доколку има можности за проширување на делницата од бродот до мотелите и новата населба која ќе се прави“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.
„Ова е динамиката е динамиката по која ние планираме да работиме и во следниот период и на овие проекти и на многу други проекти“, рече Илија Димовски, пратеник во Собрание на РМ.
Велес и понатаму останува град на мостовите. Општината размислува за изградба на мост кој населбата Речани ќе ја поврзува со градот.
Дијана Иванова
