Поблиска соработка на Македонија и Турција на пазарот на хартии од вредност

20.10.2014 15:28

Првите луѓе на Комисиите за хартии од вредност на Македонија и на Турција Елизабета Чингаровска и Вахдетин Ерташ, денеска остварија средба која е почеток на, како што сметаат, идна плодна соработка...

Јакне соработката меѓу Македонија и Турција на полето на пазарот со хартии од вредност. Првиот човек на турската комисија во прва посета на земјава. Ги сподели искуствата на Истанбулската берза кои ќе му бидат од корист на домашниот пазар.

Првите луѓе на Комисиите за хартии од вредност на Македонија и на Турција Елизабета Чингаровска и Вахдетин Ерташ, денеска остварија средба која е почеток на, како што сметаат, идна плодна соработка и ќе биде можност инвеститорите од Турција да споделуваат информации во однос на бенефитите што ги нуди Република Македонија за инвеститорите.

„Ова е прва билатерална средба која се надеваме дека ќе биде почеток на идна плодна соработка и размена на меѓусебни искуства со турската Комисија за хартии од вредност“, изјави по средбата претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија Елизабета Чингаровска.

Таа додаде дека е корисната помошта од страна на турската институција за поттикнување на домашниот пазар на хартии од вредност имајќи предвид дека на Истанбулската берза се тргуваат акции од една до 10 милијарди долари.

Петседателот на Комисијата за хартии од вредност Ерташ изрази задоволство што во последните години се зголемува бројот на инвеститори во, како што вели пријателска Македонија. Тој ги повика сите турски инвеститори да инвестираат во Македонија, а македонските реципрочно да инвестираат во Турција.