Една победа против еболата – Нигерија се симнува од листата на загрозени земји
Извојувана е една победа во борбата против еболата. Нигерија се симнува од листата на загрозени земји. Светската здравствена организација потврди дека шест недели не се појавил нов случај, иако постоеше голема опасност од бран заразени бегалци преку границата.
„На 17-ти октомври Сенегал беше тргната од листата земји зафатени со ебола. Денеска и Нигерија е тргната бидејќи се справи со увезените случаи на ебола“, рече Маргарет Чан, директор на СЗО.

Катастрофата можеше да биде од несогледливи размери – вирусот го донесе либериски дипломат кој во јули допатува во 21-милионскиот и густо населен град Абуџа. СЗО соопшти дека ќе го почитува повикот на владата на Мароко за одложување на Купот на африканските нации, закажан за почетокот на наредната година.
„СЗО не забрани организирање на каков било настан, но истовремено ја почитуваме суверената одлука на Мароко да повика на одложување на Купот на африканските нации“, д-р Ала Алван, регионален директор на СЗО.
На Светскиот здравствен самит во Берлин меѓународните организации оценија дека вирусот победува во трката против човештвото. Европските земји досега дадоа над половина милијарда евра за борба против еболата. Министрите за надворешни во Луксембург бараат начин како да го зајакнат одговорот против вирусот. Британија бара удвојување на сумата, а Германија – цивилна мисија во Западна Африка. Заразата однесе над 4 ипол илјади животи, главно во Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне. Починаа 70 % од вкупниот број заразени.