За здрава исхрана на децата, родителите да ги сменат навиките!
Поради брзата храна или нешто друго кај нас има 16-годишни деца со по 120, па и повеќе килограми. За почеток, велат лекарите треба да се искористи она што го имаме во Македонија- доволен избор на здрава храна...

Речиси 44 проценти од децата во петто одделение имаат зголемена телесна тежина, а 20 проценти се дебели. Вишокот килограми не ги заобиколуваат ниту децата во градинките. Коренот за најновите аларамантни податоци лекарите го гледаат во семејството.
„Научните докази велат дека тоа што ќе го усвојат како деца, во однос на навиките во исхраната, ќе го имплементираат и како возрасни. Родителите треба да ги зменат навиките, децата само ќе го прифатат тоа што им се сервира дома“, нагласува д-р Игор Спироски, од Институт за јавно здравје
Но и не само дома. Навиките се стекнуваат и во градинките и училиштата.
„Еве и самите слушнавте, децата го сакаат пирето, сакаат пица, сакаат готвени јадења, грав, леќа...“, вели Борис Петрушевски, готвач во градинка во Велес.
Се воведени и правилници за здрава храна..овој пример од велес покажува и како се исфрлаат слатките навики..
„Ужинката во нашата градинка е замената со свежо сезонско овошје. Сега на пример јадат пудинг од тиква, а во зима компоти“, изјави Ирена Арсова, воспитувачка во градинка во Велес.
Здравата храна се практикува и во училиштата, онаму каде што има кујна. Но, брзата храна не се заборава.
„Нешто како сега, помфрит, тост, кифла... Моите ми велат да не јадам нездраво, на одмор сакаат да ми носат, но јас им викам убаво ми е и ќе јадам брза храна“, вели Мартин, ученик.
Поради брзата храна или нешто друго кај нас има 16-годишни деца со по 120, па и повеќе килограми. За почеток, велат лекарите треба да се искористи она што го имаме во Македонија- доволен избор на здрава храна- овошје, зеленчук, житарки за поквалитетен и подолг живот.
Андријана Атанасовска
