Бесими: Не очекуваме датум за преговори на самитот во декември

20.10.2014 17:03

Република Макеоднија на претстојниот Совет на ЕУ, нема да добие датум за почеток на преговорите, експлицираше вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими...

И покрај шестата по ред позитивна препорака, Република Макеоднија на претстојниот Совет на ЕУ, нема да добие датум за почеток на преговорите, експлицираше вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.

„Во однос на ова спаѓа и решавање на отвореното прашање со Грција и реално е дека доколку до тој период нема решение за прашањето, дека и овој пат нема да добиеме консензус од земјите- членки за започнување на официјалните преговори“, изјави вицепремиерот Бесими.

Ова е прва посета на вицепрмиерот Бесими на Брисел по објавувањето на извештајот за напредокот на државата.

На средбата со директорот на Директоратот за проширување, Кристијан Даниелсон, беа елаборирани очекувањата на ЕК до декемврискиот самит во делот на независноста на судството, слободата на изразување, меѓуетничките односи, политичкиот дијалог и добрососедството.

Бесими ја пренесе пораката дека во меѓувреме се остварени средби и дебати со сите чинители од сите области и дека Македонија останува посветена на реформите во однос на европската интеграција.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ