Повик и до СДСМ да се вклучи во работата на Собранието

20.10.2014 17:07

Потегот на ДПА за враќање во Собранието, ДУИ го оцени како чекор во вистинска насока. Интегративците ја повикаа и СДСМ да се вклучи во собраниската расправа...

По два месеца ДПА се врати во Собранието. Нема да влеземе во сценариото на ДУИ за замолчување на опозицијата вели пратеникот Алиу.

„ДУИ исценира инцидент само за една причина, да ја замолчи албанската опозиција. Им даваме до знаење дека ова ќе им биде невозможна мисија“, рече Газменд Алиу од ДПА.

Потегот на ДПА, ДУИ го оцени како чекор во вистинска насока. Интегративците ја повикаа и СДСМ да се вклучи во собраниската расправа. На обвинувањаето на ДПА, дека инцидентот бил  неуспешен обид за нивно замолчување, Алити возврати, провокацијата дојде од нивна страна.

„Ние како ДУИ остануваме на нашиот став овој случај да се расчисти до крај, со тоа што ќе побараме да се формира анкетна комисија која ќе го расветли случајот“, рече Рафиз Алити од ДУИ.

На 25 август во расправата за ребалансот на буџетот, вербалната конфронтација продолжи со физичка пресметка меѓу дел од пратениците на ДПА и ДУИ на комисијата. Опозициската ДПА го замрзна учеството во собраниската дебата за вчера највисокото партиско тело да ја донесе веќе најавената одлука за враќање во Собранието. Тачи, како што појасни на ваков чекор се одлучиле поради притисокот од меѓународната заедница, но свесни биле и дека собраниските микрофони се најмоќното средство за пласирање на ставовите на опозицијита во јавноста. Одлуката за враќањето на парламентот е поздравена и од ВМРО-ДПМНЕ.

Виолета Димовска