По апсењето на Бандиќ, хрватската полиција продолжува со акцијата „Аграм“

20.10.2014 19:40

Оваа една од најголемите антикорупциски акции е спорведена со цел да се откријат незаконистостите во работата на градската управа, а почна поради 7-те и пол милиони куни потпишан договор на градот со фирмата на притоворениот Петар Припуз задолжена за гратскиот отпад...

Во Загреб  надлежните државни  институции продожија и денеска со операцијата Аграм, што е поврзана со апсењето на загребскиот градоначалник Милан Бандиќ и неговите 19-те најблиски соработници обвинети за голем стопански криминал. Истражителите извршија претрес и во градската управа на Загреб.

„Ве информирам дека овластените институции извршија преглед на одредени простории и во зградата на градската управа и во Загребски Холдинк, и во интерес на истрагата нема да  соопштам детали“, изјави Сандра Швањак, заменик градоналачник на Загреб.

Сите приведени веќе се наоѓаат на испитување за да се се одлучи за тоа кого ќе задржат во истражниот затвор.

Оваа една од најголемите антикорупциски акции е спорведена со цел да се откријат незаконистостите во работата на градската управа, а почна поради 7-те и пол милиони куни потпишан договор на градот со фирмата на притоворениот Петар Припуз задолжена за гратскиот отпад. Хрватските медиуми известија дека истрагата за Бандиќ, Љубучиќ и Припуз се поврзува за  малверзации со градското земјиште и сомнителни вработувања.

„Многумина преупредуваа за незконското работење на Бандиќ, а сега за него постои и доказ, па нека сите дознаат за направениот криминал“, Јосип Крегор, независен пратеник во Саборот на Република Хрватска.

На само една недела пред апсењето загрепскиот градоначалник го подржувале 70 насто од загребачаните.

„Лично тој ми е многу симпатичен, но факт е дека кај нас поголемиот број политичари се крадци.“

„Ако најдат нешто за него, тогаш тоа е во ред, но што ако ништо не пронајдат, ќе го пуштат за три дена“, велат анкетираните загрепчани.

Таткото на град Загреб,  Милан Бандиќ е еден од оснивачите на актуелната владеачката партија СДП, но беше изфрлен од партијата откако без знаење на социјадемократите се кандидираше за претседател. На последните локални избори го освои петиот мандат за градоначалник.

„Бидејќи во овој случај станува збор за цела едан структура, тогаш се доведува под знак прашање легитимитетот на Бандиќ и неговото политичко мнозинство во град Загреб“, рече Давор Бернадик, претседател на градската организација на СДП.

Во моментот за градот се грижи потпреседателката Сандра Швањек, таа рече дека најбитно е што во овој момент градот функционира и нема причини загрепчани да се вознемирени.

Мирјана Василева