Обрван со проверени сили
Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Ивица Обрван објави список со 20 играчи за натпреварите со Швајцарија и со Чешка, со коишто за десетина дена нашиот тим ќе ги почне квалификациите за ЕП во 2016.

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Ивица Обрван објави список со 20 играчи за натпреварите со Швајцарија и со Чешка, со коишто за десетина дена нашиот тим ќе ги почне квалификациите за ЕП во 2016.
Во период кога репрезентативците досега сезонава се со повеќе од скромна, дури и оскудна минутажа во Металург и во Вардар, новата квалификациска одисеја Македонија ќе ја почне само со Кирил Лазаров и со Борко Ристовски како интернационалци. Сите други играчи на списокот, со исклучок на Златко Мојсоски од Прилеп, се од нашите најдобри клубови, вклучувајќи ги и надежите на Металург Нелоски и Талески.
Покрај нив и Кире Лазаров, за надворешната линија стандардно ќе конкурираат Наумче Мојсовски, Миркуловски, Филип Лазаров, Јоноски, Велко Маркоски и неодамна натурализираните Прибак и Вугринец. Димовски, Стоилов и Никола Марковски ќе бидат триото кружни напаѓачи, Георгиевски и Златко Мојсоски десни, Манасков и Ојлески леви крила, а заедно со Ристовски, место меѓу стативите ќе очекуваат и Ангелов и Митревски.
Покрај овие дваесетмина, Обрван додаде и уште осуммина на поширокиот список, коишто би можел да ги повика ако затреба. На „стенд бај“ се: Даскалоски, Недановски, Јовчевски, Пешевски, Стојчевски, Митков, Мајнов и Димитриевски.
Македонија го почнува циклусот против Швајцарија во скопје на 29-ти овој месец, по што на 2-ри ноември ќе гостува во Чешка.
