Oсветлување на влезот во Тетово

27.12.2013 12:01

Безбедноста во сообраќајот значително ќе се подобри со осветлувањето на клучките за влез во градовите. Во овој период се работи на повеќе локации. Од Јавното претпијатие за државни патишта најавуваат амбициозна програма и за следната година.

Привршуваат работите за осветлување на клучката на влезот во Тетово од страната на Гостивар. Осветлувањето се поставува после патарината, по двата крака кои водат кон и надвор од градот, како и по дел од автопатот Мајка Тереза од коридорот 8, во вкупна должина од околу 850 метри.

„Во текот на цела 2013 година имаме осветлено седум клучки во должина од дваесеттина километри или во инвестициска до сега се инвестирани околу 106 милиони денари буџетски средства“, изјави Љупчо Георгиевски – Директор на ЈП за државни патишта.

Од Јавното претпријатие за државни патишта за 2013 велат дека е година на многу реализирани проекти во патната инфраструктура. Покрај осветлувањето на клучките и поставувањето сигнализација, инвестирано е во изградба на магистрални и регионални патишта.

„До сега се завршени околу 140 километри изградени локални патишта само во 2013 година или инвестициска вредност од неполни 13 милиони евра. Во едно би сакал да напоменам дека завршивме и 14 регионални и магистрални патишта во должина од 148 километри со инвестиција од 26 милиони евра“, додаде Георгиевски.

„Покрај осветлувањето на влезот во Тетово од страната на Гостивар, се работи на осветлувањето на влезовите во Штип, Прилеп и Битола. Од ЈП за државни патишта најавуваат амбициозна програма и за 2014 година.

Зоран Јованоски